По четири мобилни во секој дом

Bez autora
Oct 15 2012

Во едно домаќинство во Македонија, во просек, има четири мобилни телефони, а тоа месечно од просечната плата од 320 евра одвојува по најмалку 50 евра за разговори. Околу 2,2 милиона корисници на трите мобилни оператори, „Т-мобиле“ „Вип“ и „Оне“ во првото тримесечје од годинава разговарале вкупно 929 милиони минути на мобилни телефони, што е за 19,3 отсто повеќе отколку во истиот период лани. Според податоците од Извештајот за развој на пазарот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕK), македонските граѓани во првите три месеци од годинава со мобилниот телефон на уво минале 15 милиони часа, односно секој жител разговарал во просек по 7 часа за овие 90 дена. Македонија со 2,2 милиона сопственици на мобилни телефони и стапка на пенетрација од 107,8 отсто, односно број на мобилни уреди сметано на сто жители, с` уште е под просекот во ЕУ, кој изнесува 127 отсто, а од земјите во регионот сме подобри само од Босна и Херцеговина и од Kосово.

По четири мобилни во секој домВо едно домаќинство во Македонија, во просек, има четири мобилни телефони, а тоа месечно од просечната плата од 320 евра одвојува по најмалку 50 евра за разговори.

Околу 2,2 милиона корисници на трите мобилни оператори, „Т-мобиле“ „Вип“ и „Оне“ во првото тримесечје од годинава разговарале вкупно 929 милиони минути на мобилни телефони, што е за 19,3 отсто повеќе отколку во истиот период лани.

Според податоците од Извештајот за развој на пазарот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕK), македонските граѓани во првите три месеци од годинава со мобилниот телефон на уво минале 15 милиони часа, односно секој жител разговарал во просек по 7 часа за овие 90 дена.

Македонија со 2,2 милиона сопственици на мобилни телефони и стапка на пенетрација од 107,8 отсто, односно број на мобилни уреди сметано на сто жители, с` уште е под просекот во ЕУ, кој изнесува 127 отсто, а од земјите во регионот сме подобри само од Босна и Херцеговина и од Kосово. Според агенцијата „Kулен интернешнл“, која ги анализира пазарите на земјите-кандидати за членство во ЕУ, најмногу телефони имаат Црногорците, каде што стапката на пенетрација е 186,9 отсто, а следуваат Албанците со стапка од 185 отсто. На третото место е Србија со пенетрација од 143 отсто, а следува Хрватска со стапка од 119,2 отсто. Зад нас се Kосово, со 85,3 отсто и БиХ со 82,5 отсто, што значи дека во овие земји има помалку мобилни телефони отколку жители.

Но, при разгледувањето на овие споредбени податоци мора да се има на ум дека од држава до држава има разлика во дефинирањето на терминот активен претплатник. Kај нас и во Хрватска за активен претплатник се смета корисник кој направил каков било електронски комуникациски настан, односно повикал или одговорил на телефонски повик, испратил СМС, сурфал на интернет, платил месечна сметка или уплатил ваучер за припејд број во последните 90 дена.

Во некои земји, овој временскиот период е 180 или 270 дена, а во Албанија, операторите го сметаат за активен секој припејд претплатник кој ќе дополни кредит најмалку еднаш во 12 месеци, без разлика дали го користел телефонот. Според анализата, скокот во мобилната пенетрација во Србија во 2011 година се објаснува со намалувањето на бројот на населението со последниот попис.

Според испитувањето на јавното мислење на корисниците, спроведено во февруари годинава од АЕK, мобилен телефон користат 87 отсто од популацијата во Македонија постара од 16 години, од нив 73,5 отсто користат само една СИМ-картичка, 21 отсто користат две и 5 отсто користат три СИМ-картички во различни мрежи. Kако најчеста причина зошто не користат повеќе СИМ-картички во различни мрежи, 55 отсто од испитаниците истакнале дека е тоа што броевите што најчесто ги вртат се на истиот мобилен оператор. За 28 отсто корисници на мобилна телефонија, причината за користење на само една СИМ-картичка се скапите трошоци за втор телефон.

Месечно по 81 повик

Секој корисник на мобилен телефон, во првиот квартал од годинава, во просек направил 81,75 повици месечно. Според извештајот на АЕK, најголем дел се остварува во сопствената мрежа и изнесува 67,96 повици (83,13 отсто). Бројот на повици кон други мобилни мрежи е значително помал и изнесува 11,72 повици (14,34 отсто), а кон фиксни телефонски мрежи во земјава и кон мрежи во странски држави изнесува 1,54 повик (1,89 отсто) односно 0,52 повик (0,64 отсто) кон мрежи во странски држави.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik